Поврзете се со нас

Англија

Сколс го избра најтешкиот противник во кариерата: Тој беше незгоден и чуден, секогаш излегуваше од никаде

Објавено

на

Пол Сколс се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед и воопшто во англискиот фудбал, бидејќи популарниот Сколси беше до толку доминантен на средината на теренот, што цели две децении командуваше во везниор ред на „ѓаволите“.

Сколс е исклучително ценет од сите свои соиграчи, колеги и дури и од омразените противници, но кога станува збор за оваа последна категорија, сега тој одлучи да го избере најтешкиот ривал со кој се соочил на фудбалскиот терен.

Во својата богата и долга кариера, Сколс имаше можност да игра со голем број фудбалски ѕвезди, но кога станува збор за играчите кои внимавале на него, посебно го истакна легендарниот играч за врска на Арсенал, Французинот Патрик Виеира.

– Играњето против Патрик Виеира беше брилијантно. Мојот начин на игра беше таков, што јас никогаш не можев да бидат пофит и посилен од противникот. Јас никогаш не сум бил таков играч, јас бев пас играч и организатор, – започнува Сколс во интервјуто за „Goal In One“ подкастот и додава.

– Ги победував ривалите со мојата пас игра, но Виера беше навистина чуден и незгоден. Тој беше висок, беше целосно долг и неговите нозе стигнуваа секаде. Во моментот кога ќе помислите дека сте го оставиле зад вас, излегуваше од никаде и ви се појавуваше пред лице, – додава Сколси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни