Поврзете се со нас

Англија

Сколс го искритикува Де Хеа по поразот на Јунајтед во финалето на ЛЕ

Објавено

на

Манчестер Јунајтед претрпе пораз од Вилјареал во финалето на Лигата на Европа и на тој начин без трофеј ја заврши и оваа натпреварувачка сезона.

За овој неуспех има доста критики на адреса на тренерот Оле Гунар Солскјер, но и за голманот Давид Де Хеа кој не забележа ниту една интервенција во Гдањск низ сите 120 минути, ама и во пенал рулетот кој на крајот „жолтата подморница“ го реализираше со 11-10.

-Кога ќе дојдете до пенали се може да се случи. Јас како Англичанец секогаш сум загрижен дека можам да бидам на погрешната страна. Ама пеналите, мора да се каже…Давид…зборуваме за неговиот учинок, воопшто не изгледаше дека може да фати пенал. Јунајтед исто имаше среќа и при пеналот на Лук Шо, -истакна Пол Сколс.

На ова се надовра Рио Фердинанд кој порача:

-Ако сме искрени, Јунајтед не беше доволно добар. Вилјареал подобро се снајде во оваа улога, беа среќни што добија пенали, -рече Рио на што нов коментар имаше од Сколс.

-Тоа е она што го прават аутсајдерите, не ги олеснуваат работите, ништо не се очекува од нив. Може да биде лесно, се позиционирате во сопствениот шестнаесетник и се браните. Но Јунајтед со квалитетот што го добија, завршија како втори во Премиер лигата, квалитет што го имаат пред себе, ама Вилјареал ги запре, во одбрана беа брилијантни. Емери знаеше што треба да направи, -заврши легендата на „црвените ѓаволи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни