Поврзете се со нас

Англија

Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед

Објавено

на

Пол Сколс е еден од најголемите критичари на Рубен Аморим во последно време, па сега му предочи на Португалецот дека мора да почне коренити промени во тимот, доколку сака да избегне сценарио како она на неговите претходници.

Легендарниот играч за врска не е уверен дека раководството на клубот ќе има долго време трпение со слабите резултати, особено ако истото продолжи и на стартот на следната сезона која треба да биде од круцијално значење за новиот менаџер.

Сколс во анализата за „Оверлап“ потенцира дека на Јунајтед му се потребни големи промени во стартната постава, па за почеток предложи смена на пет фудбалери.

– Неколку работи се загрижувачки околу овој тим, но јасно е дека Рубен Аморим треба да направи многу работи, особено на трансфер пазарот. Според мене, потребен е нов голман, потребни се двајца нови стопери, еден играч за врска и еден напаѓач. Треба да се изгради костур кој потоа ќе се надоградува.

– Јоро е млад играч, би го оставил да биде дел од тимот, но не ми се допадна тоа што го видов досега. Исто така, Де Лихт не ги исполнува амбициите на Јунајтед. Сигурно нема да ја освоиме Премиер лигата со стоперски тандем Јоро-Де Лихт. „Доволно добро“ не е во Јунајтед, исто така сметам дека ниту Лисандро во најдобрите денови не е играч кој може да ни ја донесе Премиер лигата, – потенцира Сколс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни