Поврзете се со нас

Англија

Сколс е уверен: Ова е последна сезона за него во Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед не успеа да го изненади Манчестер Сити и доживеа пораз на „Итихад“ од 3-1 и тоа со три гола кои ги прими во второто полувреме.

„Црвените ѓаволи“ имаа проблеми да се носат со домашниот тим, па иако го добија првиот дел со 1-0 беше јасно дека многу тешко ќе го издржат целиот притисок и фактот дека се едноставно безопасни кон противникот. „Граѓаните“ во вториот дел почнаа да погодуваа и преку Фоден (2) и Халанд го потврдија статусот на фаворити и со тоа му нанесоа нови главоболки на соседот од „Олд Трафорд“.

Јунајтед има само една шанса за трофеј во оваа сезона и тоа преку ФА Купот каде се уште има сериозни екипа како што е Ливерпул, нивниот ривал во четвртиналната рунда. Во првенството екипата е далеку од врвот, но петтто место не е недостижно со оглед на тоа што истото треба да донесе место за ангичаните во ЛШ.

Дали тимот може да дојде до некоја минимална цел останува да видиме, но според легендариот Пол Сколс ова е сезона која ќе биде последна за Ерик Тен Хаг на кормилото на англискиот великан.

-Она што го гледаме е далеку од од тим кој треба да биде кандидат за титулата во Премиер лигата. Така е секоја сезона. Не би бил изненаден доколку клубот бара нов менаџер. Својот збор веќе го кажаа луѓето од компанијата Инеос која го презеде клубот. Мислам дека Тен Хег нема да раководи со Јунајтед следната сезона. Од интервјуто на Џим Ретклиф, ја гледам негативноста кон сето она што е направено во клубот во последните десет години. Ратклиф не е среќен поради тоа што се случува.

-Не би бил изненаден доколку клубот веќе бара нов менаџер. Не велам дека тоа е правилна одлука, -заклучи Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни