Сколс добива огромен сеир за својот потценувачки тип на полувремето на „Олд Трафорд“ (Видео)

skols-zut

Пол Сколс и Рио Фердинанд беа нависитна критички настроени по крајот на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Севилја во Лигата на шампионите, особено поради тоа што и двете легенди на клубот претходно со своите коментари делуваа како луѓе кои се убедени дека нивниот омилен тим ќе се најде во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во студиото на „Би-Ти Спорт“ на „Олд Трафорд“, пред да се знае конечниот епилог и победата на Севилја од 1:2, Рио порача дека не гледа како Андалузијците ќе успеат да остварат победа на „Олд Трафорд“, но сепак коментарот кој стана вирален на социјалните мрежи беше оној на Сколс кој го даде најлошото и најнеточното предвидување на полувремето.

За време на 15-минутната пауза, Сколс ја нарече Севилја навистина слаб тим, а по крајот на мечот доби заслужен сеир на социјалните мрежи за својот „перфектен“ тип.

– Севилја е слаб тим, навистина слаб тим. Тие нема да постигнат гол, не гледам како би го направиле тоа. Јунајтед треба да го заврши ова, – гласи коментарот на Сколс за кој сега добива милиони „честитки“ на социјалните мрежи.

Facebook Коментари