Скола со тројка ја дотолчи Франција, коментаторот во негова чест запеа песна од Халид Бешлиќ (Видео)

luis skola

Ветеранот Луис Скола одигра феноменално на денешниот полуфинален меч со Франција на Светското првенство, меч на кој реализираше 28 поени, 13 скокови и 2 асистенции со што беше најзаслужен за големиот триумф на Аргентина.

Скола со оваа своја партија по кој знае кој пат ја потврди својата класа и квалитет, па дури и ги натера коментаторите да му посветат песна на него. Се работи за новинарот на „Спорт Клуб“, Марин Мрдуљаш или попознат како Бабо кој запеа песна од Халид Бешлиќ.

Ова не му е првпат на Бабо вака да се израдува, а доказ за тоа е и оваа снимка, песна која Дарио Шариќ ја доби од него за одличната партија против Мајами Хит.

Facebook Коментари