Скола: Пред две години сите мислеа дека сум луд, денеска…

skola

Репрезентацијата на Аргентина сруши уште една голема европска репрезентација и обезбеди пласман во големото финале на Мундобаскетот во Кина. „Гаучосите“ по Србија ја надиграа и Франција во дуел во кој блескаше ветеранот Луис Скола 28 поени, 13 скокови, 2 асистенции за 34 минути на паркетот.

Токму Скола по мечот во Пекинг потсети на неговите зборови од пред две години, поточно дека оваа селекција има капацитет за големи нешта или дека го потсетува на златната генерација од 1999/2000.

-Пред две години јас кажав нешто. Овој тим ме потсетува на златната генерација од 1999-2000 година. Многу луѓе ме гледаа како да сум луд. Денес не сум толку луд. Ние сме на исто место како во 2002 година, -вели Скола и додава:

-Да, тоа го сакам и не негирам. Сакам да играм, да правам работи на теренот. Чуствувам дека можам тоа да го направам. Се чувствувам непријатно кога ми кажуваат што можам да доведам во соблекувалната, на клупата. Дојдов тука да играм. Се соочувам со внатрешен конфликт. Сакам да играм и тоа е она што сакам да го сторам, -порача 39 годишниот Аргентинец.

Facebook Коментари