Скоковите од карпи официјално прифатени како традиција на Азорските Острови

Jonathan Paredes, Jessica Macaulay

Како дел од многу очекуваниот настан во Сао Мигел, во чест на светецот Јован, светската серија Red Bull Cliff Diving беше признаена како локална традиција, која овој викенд се случува осма година по ред.

Џесика Маколи и Џонатан Паредес, скокачи од карпи од светска класа од Велика Британија и Мексико, учествуваа во традиционалната годишна парада “Марчас Популарес“ на групи кои маршираат за светецот Јован од главниот остров на Азорите, до гребените на островчето Вила Франка до Кампо. Со скокови низ полукружната арка од цветови, типична за оваа церемонија во Атлантскиот Океан, ова дуо ја отвори неделата на „чистокрвни“ скокови од карпи. Дваесет и четири спортисти се враќаат на вулканските карпи не само за да се борат за клучните поени во шампионатот на средина од сезоната во 2019 година, туку и да ја прослават традицијата на нивниот изворен спорт: Да ги рашират крилјата и да скокнат акробатски од голите карпи како и од пратформите покрај брегот на Сао Мигуел.

Ова е најкласичниот настан во Светската серија, со осум организирани настани едно по друго од 2012 година, повеќе од сите други 33 локации, а оваа година натпреварувањето се поклопува со локалната традиција “Фестас де Сао Жоао да Вила“, каде што повеќе од 15 групи кои маршираат и 1000 учесници поминуваат по улиците на Вила Франка до Кампо, кои цели 11 дена се полни со светла, арки, бои и цвеќиња.

Откако Маколи и Паредес беа воведени во локалната традиција на танц и марширање, тие ги претставија своите нуркачки вештини пред локалната заедница, лансирајќи се од вулканските карпи во средината на Атлантскиот океан.

И двајцата моментално се на 4-тото место во генералниот пласман и ќе треба да покажат разновидност ако сакаат да останат во борбата за „Трофејот на Кралот Кахекили“, додека уривачката на рекорди Ријана Ифланд може да влезе во историјата со своето дваесет и прво појавување на ова светското натпреварување. Дваесет и седум годишната Австралијанка ги има сите изгледи дека ќе ја осигури нејзината четвртата победа во низа, на четвриот од платформата поставена на височина од дваесет и еден метар, нешто што досега не и успеало на ниедна жена во овој спорт.

Супериорни акробатски вештини исто така ќе се бараат и кај мажите, доколку се сака промена во поредокот. Дополнителен предизвик ќе биде справувањето со отворенио океан. Иако Британецот Хант е најуспешниот во досегашната историја на оваа величенствена локација со три победи, не треба да се занемари фактот дека последниве две сезони тука победуваат други спортисти.

jonathan parades azores 2019

Сцената за натпреварувањето е поставена на локацијата позната меѓу локалното население како „Прстен на принцезата“. Карпите се речиси во кружна форма, поткршени од океанот од едната страна, со што нуди прекрасна визуелна заднина во борбата на елитата на овој спорт, како и стимулација за доаѓачките таленти кои се на средината од 2019 година.

Гледајте во живо!

Ова натпреварување ќе се пренесува во живо на 22 јуни од 15.30 минути по средноевропско време на www.redbullcliffdiving.com како и на Ред Бул ТВ, Фајсбук и Јутјуб. Ред Бул ТВ е достапен преку конектираните телевизиори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе на about.RedBull.tv

Facebook Коментари