Скокачите од карпи во нова потрага по слава во Португалија

Photographer Credit:
Dean Treml/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Dean Treml/Red Bull Content Pool

Во пресрет на третиот настан од календарот на светската серија Red Bull Cliff Diving, се одржа промотивен настан во пристаништето во Лисабон, по што скокачите ќе одат на Азорските острови, во Сао Мигуел, каде што ќе настапат на 14 јули.

Двократниот светски шампион Ријана Ифланд од Австралија, како и поранешниот член на „Сирк ду Солеј“ Енди Џонс од САД, се вивнаа од палубата на каравелата во нивната потрага по историјата. Тргнувајќи по трагите на еден од најпознатите светски истражувачи, двајцата спортисти се нурнаа во реката Техо веднаш до „Торе де Белем“ и „Падрао дос Дескобриментос“, двете напојзнати обележја на Лисабон во чест на Ерата на откривањето.

Додека познатите португалски откривачи, кои наводно испловувале од главниот град на земјата, го откриле Азорскиот архипелаг во средината на Атлантскиот океан во 15. век, елитните нуркачи од карпи го откриле ова феноменално вулканско место во 2012 година.
Ова откритие на модерното време се востанови како една од врвните локации за скокање од карпи од светската серија, каде што 24-те врвни светски спортисти ќе скокаат директно од гребенот, а овој викенд тоа е по рекорден седми пат.

Свртени кон Атлантикот, каде што некогаш се гледале каравели на хоризонтот, храбрите мажи и жени треба да ја докажат својата разновидност од 27 метри височина, за да останат во конкуренција на единствената станица на светската серија во 2018 година каде што спортистите скокаат директно од карпите, како што тоа го правеле почетниците во овој спорт пред стотици години.

По возбудливиот натпревар во машка конкуренција во Билбао, каде што шесткратниот шампион Гери Хант се уште имаше проблеми, а актуелниот шампион Џонатан Паредес од Мексико го извојува своето прво искачување на подиумот во 2018 година, кај жените во фокусот на вниманието ќе биде Адријана Хименез откако ја започна својата сезона со победа во Тексас.

yana nesciareva azores 2018

Додека пред шест века, кога светот немал граници, немал крај и се било достапно за откривање, борбата за титулата во јубилејната сезона на светската серија е сосема неизвесна. Се очекува возбудлив натпревар на едно од местата со најубава природа покрај брегот на Сао Мигуел, кога вулканската карпа во облик на змиска глава и надворешните ѕидови од кратерот на речиси совршено тркалезниот остров ќе послужат како идеално место за старт на спортистите од 14 националности.

Гледајте во живо!
Овој натпревар ќе се емитува во живо на 14 јули во 14:30 по средноевропско време на веб страната www.redbullcliffdiving.com, како и на Red Bull TV, Facebook и YouTube. Red Bull TV е достапен на поврзани ТВ уреди, играчки конзоли, мобилни уреди и др. Информирајте се повеќе на about.redbull.tv

Facebook Коментари