Поврзете се со нас

Репрезентација

Скендеровски се соочува со многу проблеми пред завршите футсал дуели против БиХ и Романија

Објавено

на

Македонската футсал репрезентација ја очекуваат двете завршни средби против Босна и Херцеговина и Романија во квалификациите за Европското првенство, дуели за кои селекторот Васко Скендеровски се соочува со многу проблеми.

Поради различни причини во составот ќе ги нема Иван Крстевски (поради суспензија ќе го пропушти првиот натпревар), Александар Глигоров (Шкупи), Даниел Де Соуса (Славија Прага), Еркан Сефери (Шкупи), Садат Зибери (Италпол), Игор Леовски (Славија Прага) и Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Минхен), додека пак Драган Петровиќ и Драган Ранготов се присутни, ама нивниот настап е неизвесен поради повреди.

Поради ова во составот се дури пет дебитанти Берат Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Железарец), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес) и Јовица Марковски (Астибо).

Се соочуваме со огроми проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедија своето учество на Европското првенство, без императив доаѓаат во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас.

-Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже, –изјави селекторот Скендеровски.

Нашите футсалци се на последното место во групата 4, односно имаат иста бодови како третопласираната Романија, Србија има пет, додека БиХ е перфектна по четирите натпревари со максимални 12 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни