Репрезентација
Скендеровски по ремито во Врање: Бодот против Србија е голем подвиг

Македонската футсал репрезентација освои голем бод на гостувањето во Србија, задржувајќи ги шансите за пласман на Европското првенство.
Избранците на селекторот Васко Скендеровски одиграа 1:1 во Врање, иако во составот ги немаше важните Де Соуса и Ранготов.
Скендеровски по натпреварот не го криеше задоволството од остварениот резултат.
– Честитки за момците, тие се најзаслужни за еден од најголемите резултати кои ги има остварено нашата футсал репрезентација.
– Да се освои бод на гостински терен против една селекција која е од првиот барабан, а ние сме дел од четвртиот, е рамно на светско чудо. Навистина имавме и среќа, но таа ги следи храбрите. Не сакам да издвојам никого од тимот, но Петровски правеше чуда на голот, а мене многу ми помогнаа анализите на Мато Станковиќ.
– Ако се додаде дека бевме без двајца членови на стартниот состав (Де Соуса и Ранготов), навистина сме горди како ја претставивме Македонија во Врање. Вратите за пласман на ЕП ни се ширум отворени, сега треба да одиме паметно и чекор по чекор, – изјави Скендеровски по големиот успех на футсал селекцијата.
По три кола, Македонија има 2 бода, колку што имаат и Србија и Романија, додека Босна и Херцеговина е со максимален учинок и 9 бодови на врвот на табелата.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата