Поврзете се со нас

Македонија

Скендеровски: Футсалот во Македонија е на ниво на аматеризам, јас како селектор добивам само 300 евра

Објавено

на

Најсилната футсал репрезентацијата на Македоноја одигра два натпревари во квалификациите за Европско првенство во изминатите два дена, па ако поразот од Холандија во Алмере беше очекуван, ремито со Андора на домашен терен беше огромно изненадување.

Нашите репрезентативци водени од селекторот Васко Скендеровски не ја оправдаа улогата на фаворити и одиграа само 1:1 во „Јане Сандански“, а тоа е само уште еден доказ дека футсалот во Македонија фати една загрижувачка надолна линија, за која се зборуваше и денеска во студиото на „Спортското радио 90,3 фм“.

Предводникот на македонскиот футсал тим кој во минатото одбележа една ера како тренер на Железарец вели дека состојбата во мак-футсалот е на навистина ниско ниво, пред се поради непрофесионалноста на клубовите во Првата лига, но и поради немањето ресурси за пробивање на нови таленти.

– Ќе се обидам во неколку сегменти да ги објаснам овие неколку причини поради кои македонската репрезентација не остварува некои позначајни резултати. Прв фактор е лигата. Првенството во Маконија никогаш не било послабо, ги следам натпреварите и можам да кажам дека лигата ни е за споредба со некое полупрофесионално ниво, или на ниво на аматеризам.

– Ниту еден од клубовите нема сериозен пристап каков што јас имав на времето во Железарец, кога бевме и шести тим во Европа. Тогаш се тренираше секој ден, имаше тренери од странство и имаше играчи од странство. Сега имаме само неколку екипи кои малку посериозно ја сфаќаат работата, а сите останати воопшто не ја сфаќаат сериозно работата. Друг фактор е и немањето на едукација кај самите тренери.

– Ниту еден тренер во лигата нема ниту Б лиценца, а тоа е многу лошо. Дури и кога ќе земам некој млад играч од клубовите, јас сум фрапиран кога гледам колку играчите имаат недостатоци на тактички план, па дури и на технички. Немањето на доволно тренинзи прави играчите да дојдат целосно неподготвени во репрезентацијата, нивната физичка подготовка е на многу ниско ниво. Исто така, треба да се напомене и смената на генерација, доаѓа до тој биолошки процес кој кај нас е веќе започнат, – вели Скендеровски, кој во интервјуто потенцира дека смешни се и финасиските премии кои ги добиваат членовите од футсал репрезентацијата, бидејќи тој добива скромни 300 евра за секој собир на репрезентацијата, а за споредба селекторот на Косово добива по 1200 евра месечна плата.

Целиот разговор проследете го на следниот ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни