Поврзете се со нас

Шпанија

Скаут на Барселона откри како шпанскиот клуб се откажал од трансфер на Азар

Објавено

на

Foto:instagram.com/hazardeden_10

Еден Азар имаше блескави моменти во својата фудбалска кариера како член на Челси, а поранешен скаут на Барселона открил дека шпанскиот клуб се откажал од негово купување од Лил во периодот пред тој да постигне договор со премиерлигашот.

Бојан Кркиќ, таткото на поранешниот фудбалер на Барса, Бојан Кркиќ јуниор, своевремено го следел развојот на Белгиецот и за шпанските медиуми открил зошто не го препорачал во каталонскиот клуб.

– Го сретнав првпат на ЕП за играчи до 17 години, на кое настапуваше и мојот син, а на кое Шпанија и Белгија играа во финалето.

– Азар одигра фантастичен турнир, освен во финалето, во кое Шпанија стана европски првак.

– Потоа тој потпиша за Лил, а јас бев да го гледам во живо на гостувањето кај Монпелје. Беше август и додека сите се загреваа во шорцеви, Азар излезе на теренот со тренирки. Додека сите правеа вежби и се загреваа подинамично, тој се истегнуваше и гледаше кон трибините.

– Три дена подоцна беше на клупата против Анжер, додека останатите резерви се загреваа, тој не ги почитуваше наредбите на кондицискиот тренер и го гледаше натпреварот. Уште тогаш напишав во извештајот дека се откажувам од овој фудбалер, односно дека тој е квалитетен и технички и тактички, но нема да барам негово купување поради начинот на кој се однесува и карактерот, – открил Кркиќ сениор.

Азар подоцна блескаше во дресот на Челси, но не и во Реал Мадрид, клуб кој плати 120 милиони евра за неговиот трансфер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни