Скариоло: Гасол е како кечап…

skariolo

Репрезентацијата на Шпанија по голема борба и по две продолженија излезе како победник од пресметката со Австралија и ќе се бори за пехарот и златниот медела на мундијалот во Кина.

Шпанците покажаа карактер и не се предаваа иако губеа во најголемиот дел од натпреварот со тоа што клучната улога за победата дефинитивно ја имаше Марк Гасол кој реализираше 33 поени со 6 скокови и 4 асистенции. Токму за центарот на Торонте Репторс интересен коментар и објаснување имаше предводникот на „црвената фурија“, Серџо Скариоло.

-Тој е како кечап. Сакате да го отворите, изгледа дека ќе остане затворен кога кечапот ќе почне да тече на сите страни. Постигна важни поени, ама и ги запираше ривалите во одбрана и им даваше простор на остатите, -истакна италијанскиот стручњак.

Facebook Коментари