Поврзете се со нас

Олимписки игри

Скариоло: Дончиќ е класа, ама Словенија има и други добри играчи

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија не успеа да ја победи Словенија во последниот меч од групната фаза и со тоа го избра потешкиот пат во борбата за медал на ЛОИ во Токио.

Словенците победија со 95-87 и тоа благодарение на одличната тимска игра во која прв стрелец беше Влатко Чанчар со 22 поени, но фантастичен беше и Лука Дончиќ на кого му недостасуваше само една асистенција за да запише трипл-дабл учинок (12 поени, 14 скокови и 9 асистенции).

-Тие се добар тим, не е само Дончиќ. Тој покажа класа, ментална сила, натпреварувачки дух и разбирање за играта. Речиси го постигнавме она што го сакавме, но треба да му оддадеме почит на противникот. Имаат многу талентирани и натпреварувачки настроени играчи заедно со Лука, -истакна селекторот на „црвената фурија“, Серџо Скариоло.

-Сега најважно е да закрепнеме. Во моментов не сме подготвени за следниот ривал, но имаме ден да се опоравиме и да се подготвиме за борба, како и секогаш. Нашиот тим е легендарен во светот на кошарката токму затоа што е конкурентен со години, без разлика кои се играчите на теренот и за која генерација станува збор. Мораме да останеме верни на нашиот идентитет, -дополни Скариоло.

Инаку ривал на Шпанците во четвртфиналето е селекцијата на САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни