Англија
Скапо се плати победата над Фулам: Артета доби ужасна вест на една недела пред четвртфиналето со Реал

Камбекот на Букајо Сака беше убедливо најдобар вест за Микел Артета и фановите на Арсенал на дерби пресметката со Фулам кој заврши со резултат 2:1, но оваа победа на „топчиите“ не беше ниту приближно иделна, од едноставна причина што истата скапо беше платена.
Артета сигурно нема да спие мирно во наредните неколку дена, а причина за тоа е повредата која ја заработи неговиот незаменлив стопер и играч кој требаше да биде гаранција во дуелите со Мбапе, Винисиус и Родриго во Лигата на шампиони.
Габриел заработи повреда без контакт од противнички играч и побара измена против Фулам уште во 15-та минута, а лошите сигнали кои ги демонстрираше не ветуваат ништо добро за менаџерот на Арсенал, но и фановите на клубот од Северен Лондон.
На една недела пред круцијалната пресметка со Реал на „Емирејтс“, Габриел се пожали на повреда на задната ложа и почетните реакции не изгледаат воопшто добро, па сега ќе треба да се случи чудо за да биде оспособен за првиот меч.
Покрај Габриел, натпреварот не го доигра и Тимбер, со тоа што Холанѓанецот беше неизвесен за настап и за овој дуел со Фулам.
– Нависитна не знаеме во овој момент што ќе биде со Габриел и Тимбер. Ќе правиме тестови и ќе дознаеме повеќе. Габриел почувствува нешто во задната ложа, не знаеме за колку голема работа станува збор. Јуриен имаше проблеми уште пред мечот и на крајот не можеше да го доврши истиот, – изјави Артета по победата од 2:1.
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони