Поврзете се со нас

Англија

Скапо го чинеше шегата кон соиграчот Сон: Бентанкур заработи жестока казна од ФА!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Тоа што го најавија англиските новинари уште во текот на минатата недела, точно напладне беше официјално потврдено од страна на ФА, институција која реши да му изрече драконска казна на Родриго Бентакур.

Играчот за врска на Тотенхем имаше едно саркастично интервју за уругвајска телевизија и при обраќањето употреби коментар кој беше протолкуван како расистички, па поради тоа сега добива суспензија од седум натпревари, но и парична казна од 100 илјади фунти.

Бентакур во едно интервју за уругвајски медиум порача дека сите Корејци изгледаат исто и дека не е важно дали добива дрес од Сон, или од негов братучед, а бидејќи ова беше протолкувано како расистичка навреда од ФА, независната регулаторна комисија реши да употреби една од најтешките казни.

– Независната Регулаторна комисија му изрече суспензија од седум натпревари и парична казна од 100.000 фунти на Родриго Бентанкур за прекршување на Правилото Е3 на ФА во поглед на некоректно интервју дадено за еден медиум. Родриго Бентанкур го негираше ова обвинение, но независната Регулаторна комисија утврди дека има докази против него и изрече санкција по сослушувањето, – гласи објавата на ФА.

Во целата ситуација, важно е да се напомене дека Хеунг Мин Сон ја прифати шегата од својот соиграч и нагласи дека не се чувствува навредно, но ниту тоа не беше доволно за реакција на ФА, која очигледно реши да тренира строгост врз Уругваецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни