Поврзете се со нас

Шпанија

Скапите автомобили останаа во сенка: Талентот на Чоло пристигна со минијатурен автомобил на тренинг и стана хит (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид оваа сабота на домашен терен го пречекува тимот на Бетис во ноќниот термин во Ла Лига, а дел од подготовките за овој натпревар е и талентираниот член од младинската школа на клубот, Родриго Рикелме.

По рестартот на сезоната, Рикелме доста редовно тренира со првиот тим и беше дел од тимот кој пред неколку дена одигра против Селта Виго, но сега надежниот „душекџија“ го привлече вниманието на медиумите со начинот на кој пристигна на тренингот.

Наспроти сите ѕвезди кои доаѓаат со своите луксузини и скапи автомобили, Рикелме го збогати паркингот во тренинг комплексот со еден навистина минијатурен автомобил, па со самото тоа експресно стана вирален хит на социјалните мрежи.

Младиот фудбалер пристигна со електрично Рено „Твизи“, а бидејќи ваквите сцени се навистина невообичаени за комплексите каде се гледаат само моќни и луксузни автомобили, угледниот „АС“ веднаш го сподели видеото во јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни