Скандинавско лудило: Норвежанец со стриптиз го прослави освојувањето на Купот, трофејот заврши на… (Видео)

Aleksander Melgalvis Andreassen

Тимот на Лилестром по пауза од десет години дојде до пехарот во Купот на Норвешка и тоа откако во финалниот меч го победи составот на Сарпсборг 08 со 3-2.

Меѓутоа овој резултат и трофејот на норвешкиот прволигаш доби сосема друга димензија и големи медиумско покривање поради 27 годишниот дефанзивец Александер Мелгалвис Адреасен и неговото славје на овој успех.

Тој се одлучи да изведе стриптиз, се соблече до гола кожа, а со пехарот го покри својот интимен дел од телото.

-Тоа беше спонтано, добронамерна идеја која доби позитивни критики. Драго ми е што се случи. Секако никого не сакав да повредам и се извинувам ако некој се наврди, -порача Мелгалвис.

Facebook Коментари