Светски првенства
Скандинавска ракометна велесила: Данска ја преслуша Хрватска во големото финале

Данска останува недопирлива светска ракометна велесила и на четврто светско првенство во низа, бидејќи избранците на Николај Јакобсен не наидоа на посериозен отпор и во пресметката со разиграната Хрватска.
Големото финале во Осло беше неизвесно само до 20-та минута од натпреварот кога Шипиќ не искористи зицер за 8:8, а од тој момент, Данците фатија залет и наметнаа неверојатно темпо кое едноставно не можеа да го пратат „коцкестите“.
Иако Игор Карачиќ најави дека Хрватите нема да се откажат во ниту еден момент, јасно е дека Хрватска денеска беше само една од низата селекции кои влегоа во „мелницата“ наречена Данска, па на стартот на вториот дел, резултатот веќе гласеше 24:14.
Двоцифрената предност ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе оствари победа во големото финале, а до крајот Хрватите успеаја да се изборат само за подостоен пораз.
Данска малку го намали темпото и дозволи противникот да се избори за поприфатливи 32:26 на крајот, резултат со кој скандинавците стигнаа до четврто последователно злато на Светските првенства.
Гидсел со 10 голови во финалето одново ја покажаа својата светска класа, а неверојатен беше и голманот Нилсен со 13 интервенции. Во поразениот тим, Мартиновиќ беше најефикасен со шест реализации, следен од Шоштариќ со пет.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот