Поврзете се со нас

Шпанија

Скандалот од Ла Лига доби разрешница после пет години: Елитен шпански фудбалер доби казна поради сексуален напад на маскота (Видео)

Објавено

на

Уго Малјо долги години беше дел од шпанската елита и своевремено ја носеше и капитенската лента на Селта Виго, но сега како член на Арис го дозна епилогот од судската разрешница која доцни цели пет години.

Шпанскиот десен бек доби лична пријава од женската маскота на Еспањол во 2019-та година, а цели пет години подоцна, дефанзивецот беше прогласен за виновен за невкусен сексуален чин.

При стандардното поздравување со домашните фудбалери, Малјо на споменатиот натпревар против каталонците ја фатил за гради девојката која го носела костимот, па овој скандал со маскотата долги години се влечеше низ судовите во Барселона.

Целосната разврска пристигна ова попладне, откако главниот судија процени дека има простор за парична казна од 7 илјади евра, со тоа што фудбалерот ќе треба да ги сноси и сите судски трошоци низ годините.

Малјо при исказите се правдаше дека не го знаел полот на маскотата која била облечена во папагалски костим, но судот во Барселона го прогласи за виновен и го натера да плати парична казна.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни