Поврзете се со нас

Балкан

Скандал во Србија: Црвена Звезда го освои женскиот куп по само 10 секунди игра (Видео)

Објавено

на

Екипата на Спартак требаше да му биде ривал на женскиот тим на Црвена Звезда во финалето на српскиот фудбалски куп, но натпреварот завршил по само неколку секунди и на скандалозен начин.

Спартак излегол на терен со седум фудбалерки, а по само неколку секунди, еден член на тимот се пожалил на повреда, по што судијата морал да отсвири крај поради немање услови за продолжување на средбата.

Црвена Звезда го освои трофејот, но сигурно не очекуваше дека ќе го добие без борза, иако противникот го направил тоа во знак на протест поради епилогот во првенството.

Пред само неколку дена, Спартак излезе со соопштение во кое се пожали дека му е украден трофејот во шампионатот.

– Спартак ја доби одлуката на Арбитражата од Лозана и таа не оди во наша корист. Раководството на Црвена Звезда ги исполни своите желби, ја украдоа титулата на зелена маса, – стои во соопштението на Спартак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни