Поврзете се со нас

Италија

Скандал во Серија А: Тренерот на Лече му удри глава на напаѓачот на Верона по последниот судиски свиреж (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialUSLecce

„Борбата за живот“ во италијанската Серија А ќе биде навистина жестока оваа натпреварувачка сезона, бидејќи дури седум тима ги делат само три бода од 19-то до 13-то место.

Денеска директна борба за опстанок во италијанската елита водеа Лече и Верона, а победата на гостите со резултат 0:1 донесе огромна нервоза на теренот, но и едно недолично однесување.

Роберто Д’Аверса како тренер на Лече потклекна на провокациите и му удри глава на противничкиот напаѓач Томас Анри, за кого имаше доста лоши зборови и во микс-зоната.

Предводникот на Лече доби сериозни критики во јавноста за своето недолично однесување, но тој на новинарите се обиде да им објасни дека Анри бил тој го провоцирал и кој иницирал инцидент.

– Имаше многу провокации уште во завршните минути додека траеше мечот, а по последниот судиски свиреж, се обидував моите играчи да избегнат суспензија. Не отидов со замисла да му удрам глава на било кого, Анри тргна накај мене.

– Тоа беше непријатна глетка за гледање и признавам дека беше така, но тоа не го направив со замисла. Се извинувам се гестот, но мојата прва цел беше да ги раздвојувам играчите. Последните седум или осум минути беа исполнети со константни провокации од нивна страна, – изјавил Д’Аверса пред новинарите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни