Скандал во Пјонгчанг: Судиите му украдоа сребрен медал на словенечки репрезентативец (Видео)

kosir

Голем скандал се случи на последниот натпреварувачки ден на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг, откако судиите во паралелен слалом во сноубординг го „ограбија“ словенечкиот натпреварувач Жан Кошир.

Иако Кошир прв стигна на целта во полуфиналната битка со корејскиот ривал Ли Санг-Хо и сите знаеја кој е патникот во финалето, судиите таму го испратија домашниот натпреварувач и предизвикаа многу негативни  реакции не само во словенечкиот табор, туку и меѓу сите олимписки фанови во светот.

Подоцна, Санг-Хо стигна до веќе осигураниот сребрен медал откако загуби во финалето, а Словенецот мораше да се задоволи со бронза од овој настап во Пјонгчанг.

Facebook Коментари