Поврзете се со нас

Германија

Скандал во Германија: Херта го „шутна“ Леман поради расизам! (Фото)

Објавено

на

Јенс Леман работеше во Херта Берлин како консултант и беше во тесна врска со раководните структури, но легендарниот чувар на мрежата својата работна обврска ја имаше до ова попладне, бидејќи влезе во скандал кој експресно му донесе отказ.

Клубот од германската престолнина брзо реагираше откако на социјалните мрежи осамнаа доказите за расистичкиот коментар кој Леман му го испратил на Денис Аого, поранешниот играч на Шалке кој исто така беше и германски репрезентативец.

Во приватната комуникацијана Ватсап, се гледа дека прославениот пензиониран голман му се обратил на Аого со порака која содржи расистички контекст, по што раководните луѓе во Херта брзо реагираа и веднаш го „шутнаа“ од клубот.

– Ваквите пораки на еден наш член не одговараат со вредностите кои ги има и за кои се залага Херта. Ние водиме кампања против расизмот и Херта се дистанцира од било каква форма на расизам. Затоа го поздравуваме потегот за отказ на Леман, – изјави претседателот на Херта, Вернер Гегенбауер.

По објавената информација, Леман испрати уште почудна порака преку социјалните мрежи, во која наместо извинување, се обиде да објасни дека Аого ги искористил своите коментаторски врски во „Скај“ за да направи поголема работа од целата ситуација на која тој гледал како шега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни