Поврзете се со нас

Франција

Скандал во Франција: Кејлор Навас се изживувал врз вработен во својот дом и го терал да спие во подрум без прозорци! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_English

Кејлор Навас стави крај на својот престој во ПСЖ откако имаше целосно секундарна улога во последните две сезони, а во оваа којашто неодамна заврши имаше само шест настапи за првиот тим.

Искусниот Костариканец стана слободен агент и може сам да решава за својата судбина, но во меѓувреме му се јави голем проблем во Франција, откако поранешен вработен во неговиот дом го пријавил за искористувањ и целосно изживување на работното место.

Судот во Версај пријави дека има тужба против познатиот чувар на мрежата и истата е доставена од човек по име Николас, кој со приложените докази посочил дека незаконски бил вработен од Кејлор Навас и бил жртва на нехуман однос од работодавецот.

Костариканецот е обвинет за прикриено вработување и давање пари на црно, но покрај тоа, на прикажаните видеа се гледа дека Навас го терал вработениот Николас да носи оружје во куќата и работел многу повеќе од предвиденото.

Човекот кој бил вработен како помошник во куќата седмично знаел да има 90 работни часа за плата од 3.200 евра, притоа секогаш бил плаќан на рака и бил принуден да живее во подрумска соба без прозорци.

На објавеното видео кое стана доста популарно во Франција во неколку наврати се слуша и гласот на голманот, кој на вработениот му вели дека кај него дома се работи по негови услови и не важеле француските закони.

Николас смета дека бил целосно деградиран и дека фудбалерот се изживувал со него во период од неколку години, поради што сега бара милионска отштета за се што проживеал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни