Поврзете се со нас

Европски првенства

Скандал од Минхен: Српски репрезентативец се тепал со навивач пред клучниот меч со Данска

Објавено

на

Србија доживеа резултатско фијаско на Европското првенство и со првиот лет се врати за Белград, а тоа секако предизвика бура од реакции кај нашиот северен сосед, пред се од оние кои не се задоволни од работата на селекторот Драган Стојковиќ.

Фудбалскиот Сојуз на Србија засега не се огласува за иднината на Пикси и непознато е дали ќе остане на чело на тимот, но наспроти шпекулациите дека неколку играчи му го свртеле грбот, имало и еден кој сепак направил инцидент во Минхен.

Вања Милинковиќ Савиќ го загуби стартното голманско место на ова Европско првенство, па револтиран од својот статус и лошата игра на тимот, направил и еден инцидент по провокација од домашен навивач.

Како што информира „Телеграф“, Милинковиќ Савиќ имал физички контакт со српски навивач во еден српски локал во Минхен, каде на голманот му се забележало тоа што отишол да пие, наместо ад биде во карантин и да се подготвува за следниот меч.

Селекторот Пикси им даде слободен ден на своите фудбалери пред клучниот меч со Данска, а додека одредени играчи го искористиле тоа за семејна прошетак, голманот решил да замине во локален српски локал каде предизвикал инцидент.

Според информациите, еден навивач му замерил на Вања што отишол да пие наместо да се одмора и да мисли на натпреварот со Данска, по што морало да реагира и обезбедувањето.

Оваа информација ја потврдил и газдата на локалот во Минхен, кој за „Телеграф“ открива дека фудбалерот најпрво не бил пуштен од обезбедувањето бидејќи не бил препознаен од неговите вработени, за кои тој бил недолично облечен (носел шорцеви од српската фудаблска репрезентација).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни