Поврзете се со нас

Италија

Скамака одигра само пет минути и сега ќе паузира до крајот на сезоната

Објавено

на

foto:twitter.com/Atalanta_BC

Џанлука Скамака го имаше првиот настап сезонава за Аталанта на дуелот со Торино, но очигледно тој ќе му биде и последен сезонава.

Италијанскиот репрезентативец заработи повреда на лигаментите уште пред почетокот на сезоната и паузираше шест месеци, за конечно да ги израдува фановите со камбекот во пресрет на завршниот дел од сезоната.

Сепак, Скамака одигра само пет минути и повторно се пожалил на друга повреда, поради која бил опериран во Барселона.

Најавите од „чизмата“ се дека Скамака нема да се врати до крајот на актуелната сезона, а Аталанта ја потврди успешната операција со официјално соопштение.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни