Поврзете се со нас

Свет

Скалони за Меси: Се е во негови раце, ќе продолжи да доаѓа…

Објавено

на

Лионел Меси го исполни големиот сон и со својата Аргентина стана светски шампион со што ги комплетираше сите титули со националниот тим со оглед на тоа што претходно беше дел од тимовите кои триумфираа на Копа Америка, но и земаа златен медал на Олимписки игри.

Со оглед на тоа што за неколку месеци ќе го прослави и 36 роденден имаше дилеми дали напаѓачот ќе продолжи да игра за националниот тим.

Тие прашање пред се беа поставувани од јавноста, медиумите, меѓутоа кај Меси засега нема дилема и тој останува дел од „гаучосите“ со тоа што останува да видиме до кога ќе биде така и дали може да се исполнат најавите, желбите да дел од сегашниот состав тој да биде присутен и на СП во 2026 година во Мексико, Канада и САД.

-Меси ќе продолжи да доаѓа сè додека не рече поинаку. Го гледам среќен на теренот и во националниот тим. Лео ми изгледа добро. Тој ја заслужува целата таа љубов.

– Тој и сите играчи кои се тука заслужуваат да излезат и да ја добијат таа љубов затоа што не биле во можност да ја доживеат, -порача селекторот Лионел Скалони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни