Светски првенства
Скалони за двете реакции на клупата кои ја трогнаа цела Аргентина: Ова е само фудбалски натпревар! (Видео)

Аргентинската фудбалска репрезентација го промени чувството во период од само неколку дена, бидејќи ако по мечот со Саудиска Арабија беше на работ од бездната, сега владее вистинска еуфорија во таборот на „гаучосите“ кој сепак ќе мора брзо да стивне.
Како и да е, аргентинскиот тим ќе има многу помирни денови и подготовка за клучниот меч со Полска во групната фаза, бидејќи Меси и Ернандес постигнаа два гола вредни победа над Мексико.
Првите 60 минути од мечот јасно укажаа на тоа дека Аргентинците играат во грч и под голем притисок, но по бравурата која ја изведе Меси, дојде големо олеснување и потоа Енцо го постави конечниот резултат.
Реакциите на клупата на Аргентина се оние кои привлекоа посебно внимание, бидејќи покрај Пабло Аимар кој се расплака по голот на Меси, емоциите не можеше да ги контролира и Скалони по голот за потврда на победата.
– Треба да имаме повеќе здрав разум за сфаќањата за фудбалот. Ова е само фудбалски натпревар. Не се согласувам со тоа дека ние играме нешто повеќе од фудбалски натпревар. Мора да се поправиме во тој поглед, не треба да има толку стрес при секој наш натпревар. Нашите реакции беа чувство на илеснување. Кај нас се навикнавме на ова, тешко е да ги натерате луѓето да сфатат дека сонцето утре пак ќе огрее, – изјави Скалони.
Aimar al borde de un ataque de nervios luego del gol de Messi.
Scaloni y sus lágrimas luego del gol de Fernández.
Scola alguna vez dijo una frase genial sobre lo que se siente ganar. Y no es necesariamente alegría. Es alivio.
Cuánta presión.
Emocionante. pic.twitter.com/4PNTfOVYXS— Carlos Altamirano (@altamirano45) November 26, 2022
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“