Свет
Скалони се налути: Што сакате? Сакате предвреме да го пензионирате Меси?

Аргентина има нов испит во квалификациите за Светското првенство, соочување со Перу во Лима кое е закажано за утре во раните утрински часови (04:00).
Капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси е во комбинација за настап, но се уште останува отворено прашањето на каков начин ќе биде искористен со оглед на тоа што во изминатиов период беше повреден и му треба време за да влезе во посакуваниот ритам.
-Лео е во ред. Тој додава минути од тренингот. Ние ќе ја донесеме одлуката. Прашање е на минути, колку може да игра. Ако е во ред, знаете што мислам, ќе игра. Секогаш се трудиме да играме со оние кои се на 100 проценти или блиску до 100 проценти. Многу е тешко за сите да бидат најдобио што можат на овие натпревари, така што може да има варијации во однос на натпреварот против Парагвај, -рече селекторот Лионел Скалони кој им се налути на оние кои уште од сега размислуваат за животот без Меси, поточно што ќе се случи кога асот на Интер Мајами нема повеќе да биде достапен за националниот тим.
-Да имаме на ум дека тој се уште е тука. Каков начин да се размислува за тоа „кога ќе го нема“. Вистината е дека уште е активен, да го оставиме на мира, дали веќе го пензионираме? Вршиме харакири, сите сме луди, -порача Скалони.
Инаку Лео сигурно планира да игра со Аргентина на Копа Америка во 2024 година, а дали ќе биде спремен за настап на Мундијалот во 2026 година останува под голем знак прашалник.
-
Англијапред 19 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 17 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 22 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Германијапред 16 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Светпред 14 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година