Скалони: Ова е како војна, играчите…

skaloni

Репрезентацијата на Аргентина го победи Катар и обезбеди пласман во нокаут фазата на Копа Америка каде во четрвртфиналето за противник ќе ја имаат Венецуела.

Овој триумф беше прв за „гаучосите“ на турнирот, а селекторот Лионел Скалони е задоволен од прикажаното иако посочива дека има простор за подобрување.

-Има работи кои треба да се подобрат, но сме задоволни. Потребен ни беше ваков натпревар за да стекнеме самодоверба. Особено во вториот дел игравме без страв. Ќе мораме да прилагодиме некои работи против други тип на потивници, -истакна Скалони кој смета дека врз националниот тим има преголем притисок.

-Никогаш не мислам на себеси. Секогаш мислам на националниот тим. Би сакал пораката да биде поинаква, да биде избалансирана на крајот на турнирот. Се што е околу националниот тим треба да биде поизбалансирано. Понекогаш, овие момци излегуваат да играат фудбалски натпревар и изгледа дека излегуваат и играат војна. Со таков притисок понекогаш е тешко да се игра. Пораката треба да биде дека додека играме во Копа Америка, сите сме на иста страна, -дополни предводникот на „гаучосите“.

Facebook Коментари