Поврзете се со нас

Свет

Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Рафиња употреби навредливи зборови за Аргентина во најавата за големото Суперкласико дерби кое се игра утре во раните утрински часови, па така ѕвездата на Барселона дополнително ја зачини пресметката која и сама по себе носи голема страст и висок набој на емоции.

Капитенот на Барса во разговорот со легендарниот Ромарио порача дека „Аргентинците можат да се е..т“ и дека Бразил ќе им зададе тежок удар на теренот на натпреварот кој ќе се игра во Буенос Аирес, но додаде дека истовремено е подготвен да покаже кој е кој и надвор од теренот.

Ваквата изјава на еден од најдобрите играчи на Бразил донесе непотребна тензија пред натпреварот на „Монументал“, па Лионел Скалони во стил на голем џентлмен веднаш се обиде да ја спушти топката на земја.

Со својот говор, аргентинскиот селектор му одржа една убава лекција на Рафиња, бидејќи го потсети каква слика оставиле Лео Меси и Нејмар пред четири години по едно епско финале на Копа Америка.

– Натпреварите меѓу Аргентина и Бразил секогаш се многу важни, но сепак остануваат само фудбалски натпревари. Не треба да има ништо повеќе од тоа. Не треба да се навраќаме многу во минатото, за да се сетиме на една незаборавна сцена. Се сеќавам на сликата која ја оставија Меси и Нејмар по финалето во Копа Америка во 2021-ва година, двајцата се смееја како добри пријатели на скалите на „Маракана“.

– Тоа е сликата по која треба да се препознава нашето ривалство со Бразил. Најдобриот во светот, и тогаш најверојатно вториот најдобар играч во светот седеа заедно како добри пријатели. И двете селекции сакаме победа, ќе играме лавовски на теренот, но ќе останеме пријатели надвор од него. Јас имам голем број бразилски пријатели и не треба да се преминуваат границите надвор од фудбалскиот терен, – порачува Скалони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни