Поврзете се со нас

Свет

Скалони: Меси е уморен, ама цела Аргентина смета на него

Објавено

на

Аргентина се избори за победа над Парагвај и на тој начин обезбеди пласман во нокаут рундата на овогодишеното издание на Копа Америка.

Стрелец на голот вреден три бода и триумф беше Папу Гомез и тоа на додавање на Анхел Ди Марија. На овој натпревари капитенот Лионел Меси немаше ниту асистенција, ниту погодок, ама одново имаше големо влијание во играта и ги одигра сите 90 минути.

Селекторот Лионел Скалони е сведен дека мора да го одмори Меси затоа што и кај него се чувствува замор со оглед на тоа што нема пропуштено ниту една минута на турнирот.

-Меси го играше секој натпревар, тешко е да се изостави. Аргентина смета на него. Иако е уморен, тој продолжува да прави разлика во наша корист. Можеби ќе смениме нешто на следниот натпревар затоа што веќе се пласиравме во следната рунда, можеме да бидеме мирни. Сега треба да се одмориме и да тренираме,-порача Скалони.

„Гаучосите“ во последниот меч од групата се соочуваат со аутсајдерот Боливија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни