Поврзете се со нас

Свет

Скалони: Меси е луд, ако ви кажам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Лионел Скалони и Лионел Меси изгради посебна врска во аргентинската репрезентација, а таа нив конекција како селектор и капитен овозможи „гаучосите“ да имаат извонредни резултати во последните години, да имаат серии на непобедливот и да освојуваат титули како Копа Америка и Светското првенство во Катар.

Меси беше лидер на патот до третиот мундијалски пехар, меѓутоа и него годините веќе го стигаат и прашање е до кога ќе може да настапува за националниот тим. Тоа е што е сигурно е дека ќе биде активен на Копа Америка во 2024 година, а потоа останува да се види каква ќе биде неговата одлука.

Сонародниците го тераат да продолжи, да ги води и на Мундијалот во 2026 година, а во тоа поддршка имаат и од селекторот Скалони.

-Меси играше со срце на ова Светско првенство [2022], тој беше незапирлив. Гледајќи го одблиску е нешто невозможно да се опише, ако ви ги кажам работите што ги прави на тренинзите нема да ми верувате. Тој е луд. Му реков на Лео дека се додека е среќен на теренот, треба да продолжи да игра колку што може. Ни покажа дека во фудбалот нема граници, а тоа е неверојатно.

-Во кариерата почна како напаѓач, играше како крило и сега го гледаме како играч од средниот ред. Може да игра каде сака, а тимот се гради околу него. Мислам дека може да продолжи да игра за националниот тим, но одлуката е негова, -порача Скалони за „Бобо ТВ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни