Поврзете се со нас

Светски првенства

Скалони и Ван Гал стартуваат со по тројца стопери: Ова се почетните состави за битката меѓу Аргентина и Холандија

Објавено

на

Хрватска го чека својот противник во полуфиналето на Светското првенство, а тоа ќе биде подобриот од пресметката меѓу Аргентина и Холандија која се игра од 20 часот.

Двајцата селектори Лионел Скалони и Луи Ван Гал ги отворија картите и од тоа што може да се виде е дека пред нас е голема борба затоа што двајцата стратези имаат по тројца стопери, плус уште двајца играчи кои се движат во двете страни што значи таа дефанзива ќе биде и по пет играчи.

„Гаучосите“ почнуваат со Мартинез на голот, Лисандро Мартинез, Отаменди и Ромеро се во срцата на одбраната, додека десно и лево ќе бидат Молина и Акуња. Средината е резервирана за Де Пол, Фернандез и Мак Алистер, а најопасни треба да бидат Меси и Алварез.

Изборот пак на Ван Гал е следен: Ноперт, Тимбер, Ван Дајк, Аке, Депај, Де Рон, Блинд, Де Јонг, Дамфрис, Бергвајн и Гакпо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни