Поврзете се со нас

Свет

Скалони го потврди основното правило за место во аргентинскиот тим, но тоа не важи за Меси

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Аргентина се подготвува за дуелот со Перу во квалификациите за СП 2026, а селекторот Лионел Скалони зборувал за изборот на фудбалери со кои располага во овој период, како и статусот на првата ѕвезда Лионел Меси.

Скалони потенцирал дека во иднина ќе инсистира на редовни настапи за клубовите за фудбалерите кои сакаат да играат во националниот тим, но тоа правило не важи за Меси.

– На овие шест натпревари по Копа Америка решивме да им дадеме шанса на фудбалерите кои настапуваа на тој турнир и немавме многу простор за нови имиња.

– Но, отсега натаму секој кој сака место во националниот тим ќе мора да игра редовно, па одлуките ќе ги носиме на најфудбалски начин. Секогаш сме го правеле тоа, но последните натпревари беа исклучок.

– Во случајот со Меси работите се поинакви. Тој игра секогаш, дури и кога треба да одмора, но сепак мислам дека континуитетот е важен. Одигра многу натпревари со Копа Америка помеѓу, тешко е за него да биде 100 проценти подготвен за секој натпревар, но генерално секогаш играл добро за репрезентацијата, – рекол Скалони.

Меси рано ја заврши сезоната откако Интер Мајами е елиминиран во првата фаза на МЛС плејофот и своите нови клупски обврски ќе ги има во февруари 2025 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни