Поврзете се со нас

Англија

„Скај Спортс“ прогноза со точен резултат: Јунајтед ќе го победи Арсенал

Објавено

на

Остануваат уште четири средби од 28. коло во англиската Премиер лига, а една од нив е битката на великаните Манчестер Јунајтед и Арсенал закажана за денеска од 17:30 часот на „Олд Трафорд“.

Ако се погледне табелата, „топчиите“ се големи фаворити на овој меч, меѓутоа на ваквите соочувања формата, пласманот може ништо да не значи, па според „Скај Спортс“ и нивниот типстер Џон Ноус може да очекуваме еден тврд дуел во кој избраниците на Рубен Аморим ќе слават со 1-0.

На останатите средби Челси според истиот прогнозер ќе го добие Лестер со 2-0, Тотенхем ќе биде надигран од Борнмут со 3-1, додека во понеделник Вест Хем ќе биде поуспешен од Њукасл со 2-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни