„Скај Спортс“ јавува дека Меси ја притиска Барселона да направи клучен потег на трансфер пазарот

mesi

Во текот на целиот летен преоден рок трае трансфер сапуницата поврзана околу заминувањето на Нејмар од редовите на ПСЖ.

Во моментов два тима се главни фаворити за да го обезбедат неговиот потпис, а тоа се Барселона и Реал Мадрид.

Поранешниот клуб на Нејмар, Барселона се смета како благ фаворит во трката за фудбалерот, а сега „Скај Спортс“ пренесува дека најголемата ѕвезда на тимот, Лионел Меси притиска клубот да го донесе Нејмар до крајот на овој преоден рок.

Аргентинецот го притиска раководството на Барселона да го ангажира 27 годишниот фудбалер со кого имаа одлична соработка од 2013 до 2017 година на „Камп Ноу“.

Јасно е дека ПСЖ нема да го пушти Нејмар за мала сума, па од Барселона подготвуваат понуда во која ќе вклучат и некои играчи кои би се упатиле кон Париз.

Facebook Коментари