Италија
„Скај Спорт“ открива каква е првичната состојба на Бове по приемот во болница
Дербито меѓу Фиорентина и Интер се претвори во кошмар за сите присутни на теренот и трибите уште по 15 минути игра, но истото важи и за фудбалските фанови кои го следеа натпреварот преку ТВ пренос.
Во моментите кога Лаутаро Мартинез погоди гол за 0:1, линискиот судија го подигна знаменцето за офсајд, но пред да дојде до официјална проверка на ВАР, сите играчи од двата тима имаа многу поважна работа за решавање на теренот.
Едоардо Бове колабираше на теренот во моментите кога си ги врзуваше копачките, по што следеа алармантни сцени на „Артемио Франки“, пропратени со солзи и неверица меѓу неговите колеги.
Кругот кои го создадоа играчите не им дозволија на телевизиските камери да ја уловат реакцијата на лекарите, но „Скај Спорт Италија“ прв излезе со детали за здравствената состојба на играчот за врска.
Имено, Бове почнал да дише самостојно веднаш по брзата интервенција на двата лекарски тим, но потоа и се освестил во болницата Кареџи која е во непосредна близина на „Артемио Франки“.
Ова се крајно позитивни почетни вести за шокантните сцени од теренот, но лекарите продолжуваат да го мониторираат Бове, над кого ќе бидат направени детални лекарски прегледи во текот на ноќта.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор