Поврзете се со нас

Англија

„Скај Спорт“: Јуриќ го презема најлошиот тим во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Иван Јуриќ имаше краткотрајна етапа во Рома и брзо му беше изгласана недоверба од страна на семејството Фридкин, а во период кога се уште преговара за обесштетување од доскорешниот клуб, како што стојат работите, Хрватот веќе си го договорил новиот ангажман.

Последните информации од Италија водат кон тоа дека Јуриќ за првпат ќе добие предизвик во Премиер лигата, и тоа во тим кој ќе води борба за живот до крајот на сезоната.

Италијански „Скај Спорт“ ексклузивно открива дека хрватскиот стручњак му кажал „ДА“ на најлошиот тим во Премиер лигата, односно се согласил да се обиде во задачата да избори опстанок до крајот на сезоната.

Саутемптон му врачи отказ на Расел Мартин по тешкиот пораз од Тотенхем, но сега „светците“ ги договориле сите детали со неговиот наследник и официјален потпис се очекува до крајот на денот, или најдоцна утре.

Ексклузивата од Италија брзо беше пренесена и од угледните медиуми на Островот, па така тренерот кој целата своја кариера ја градеше на чизмата, сега е пред премиера во најсилната фудбалска лига во светот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни