Поврзете се со нас

Франција

„Скај“ јавува: ПСЖ се „исценка“ и го договори Икарди за доста поповолна цена

Објавено

на

Единсон Кавани сигурно нема да биде дел од ПСЖ наредната натпреварувачка сезона, а тоа му остави простор на Мауро Икарди доста помирно да донесе одлука за останување во француската престолнина, нешто што според „Скај“ веќе е завршена работа.

Угледниот италијански медиум, како и експертите Ди Марцио и Романо тврдат дека ПСЖ и Интер си подале рака за перманентен трансфер на Аргентинецот, договор според кој исплатата ќе се изврши на две рати.

Како што јавува „Скај Спорт Италија“, ПСЖ успеал да се „исценка“ и ја смалил сумата која Интер првично ја бараше, а како образложение секако е наведена кризата која настана поради коронавирусот.

Така, наместо предвидените 70 милиони евра кои беа одредени како откуп, ПСЖ за ангажманот на аргентинскиот голгетер ќе плати фиксни 50 милиони евра, а уште дополнителни 7 милиони евра во бонуси кои ќе бидат лесни за остварување.

Тоа значи дека комплетниот трансфер ќе чини 57 милиони евра, зделка со која Интер конечно ќе се ослободи од својот проблематичен капитен, а ПСЖ ќе добие врвен напаѓач кој ќе биде директна замена за Уругваецот Кавани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни