Поврзете се со нас

Италија

„Скај Италија“ ја откри причината зошто Роналдо ги преместувал автомобилите од Торино

Објавено

на

На социјалните мрежи во текот на целиот ден кружат снимки на кои се гледа како автомобилите на Кристијано Роналдо се транспортираат преку лисабонската транспортна компанија „Родо Карго“ на непознато место.

Многу од медиумите побрза да шпекулираат дека тоа е јасен показател дека Роналдо си оди од Јувентус по крајот на оваа сезона.

Сепак, добро упатени извори на „Скај Италија“ пренесуваат дека ова било пракса на Роналдо кој по крајот на секоја сезона ги преместувал своите луксузни автомобили од местото каде што живеел.

Според овој медиум, Роналдо се уште не донел одлука за негово заминување од Торино и преселувањето на автомобилите нема никаква врска со неговата иднина.

„Газета“ пак пренесе дека вообичаена пракса на Роналдо е пред почетокот на одморите луксузните автомобили да ги носи на сигурно, во складиште во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни