Репрезентација
„Скај Италија“ го откри резервниот стадион ако оној во Палермо не се реновира! (ФОТО)

Регионалниот парламент на Сицилија одобри буџет од 200 илјади евра за санирање на трибината од стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, кој треба да биде домаќин на бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија за пласман на Мондијалот во Катар.
Почитувањето на меѓународните норми и стандарди за организација мора да се исполнат и вакво барање било испорачано од ФИГЦ (Federazione Italiana Giuoco Calcio), односно италијанската фудбалска федерација.
Изјавата на советникот за економија и потпретседател на регионот, Гаетано Армао, се цитира од страна на “Siciliaopinione”.
– ФИГЦ одлучи да го предложи Палермо како место за натпреварот, а тоа ќе донесе значителни приходи за Палермо и за целиот регион. Но, меѓународните стандарди бараат некои вонредни работи за одржување на трибината. Одделот за буџет најде ресурси за финансирање на овие работи, чиј износ изнесува околу 200 илјади евра. Ние ќе ја работиме предметната работа преку нашиот технички оддел, веќе има договор за тоа со општината Палермо. Со оваа посветеност, ќе одговориме на барањата од ФИГЦ да продолжиме со настанот. Јасно е дека мора да се обидеме да го задржиме овој натпревар тука, тоа би било важно за Сицилија и за градот Палермо.
На веб страната на „Скај Италија“ истата изјава на Армао е надополнета и со информација што ако стадионот во Палермо не е готов.
– Алтернативата за домаќин на натпреварот е градот Бергамо, град со кој имаме многу врски, но очигледно сакаме да го задржиме овој натпревар.
-
Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 21 час
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Италијапред 23 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Англијапред 22 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Германијапред 18 часа
Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…