Поврзете се со нас

Германија

„Скај“ ги откри платите во Баерн, исплатливо е да се биде и резервен голман

Објавено

на

Германската телевизија „Скај“ ги објави платите кои на годишно ги заработуваат членовите на германскиот и европскиот шампион Баерн Минхен, а воопшто не е изненадување што број еден на ранкингот е Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач заработува 22 милиони евра бруто по сезона, а зад него се германските репрезентативци Мануел Нојер и Лерој Сане, кои имаат договор на по 18 милиони евра.

Џером Боатенг кој ја игра последната сезона во Баерн го чини клубот по 12 милиони евра, а истата бруто сума ја добиваат и Даглас Коста и Давид Алаба.

Џошуа Кимих и Леон Горецка следуваат со по 10 милиони евра, иако е јасно дека барем Кимих наскоро ќе добие подобар договор, а актуелната плата на Кингсли Коман е 8 милиони евра.

Интересно е што резервниот голман Александер Нибел заработува исто колку и Бенжаман Павар (5 милиони), а Алфонсо Дејвис има договор на бруто сума од 6 милиони евра.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни