Поврзете се со нас

Германија

„Скај Германија“ со „бомба“: Левандовски го одбил новиот договор, Барселона на готовс

Објавено

на

Еден од најугледните германски медиуми „Скај Германија“ предмалку пренесе ексклузивна вест поврзана со најдобриот фудбалер на Баерн Минхен и еден од најдобрите напаѓачи во последните десетина години, Роберт Левандовски.

Имено, полскиот фудбалер им соопштил на челниците на Баерн Минхен дека нема да го продолжува неговиот договор кој истекува во 2023 година.

Левандовски наводно бил подготвен за нов предизвик во кариерата и дека многу мали се шансите тој да остане во Минхен.

Со цел да заработи на неговото заминување, Баерн Минхен ќе ја разгледа опцијата да го продаде фудбалерот уште во летниот преоден рок, а за него веќе има голем интерес.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е тимот на Барселона кој веќе извесен период ја следи целата ситуација околу играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни