Поврзете се со нас

Германија

„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим

Објавено

на

Угледниот шпански медиум „Марка“ пренесе дека Реал Мадрид постигнал договор со Давид Алаба за негов ангажман следното лето.

Според медиумот двете страни се договориле за 11 милиони евра годишна плата за играчот, сума која тој и Пини Захави ја бараа од Баерн Минхен.

Сепак, како што јавува „Скај Германија“ играчот на Баерн Минхен се уште не донел дефинитивна одлука за неговата иднина најавувајќи дека агентот на Алаба, Пини Захави во следниот период очекува и други понуди.

Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити исто така се заинтересирани за играчот и се очекува во следниот период истите да испратат свои понуди.

Пини Захави пак ќе чека понуда од Барселона доколку претседателските избори во клубот ги добие неговиот близок пријател, Жоан Лапорта.

Давид Алаба својата конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата ќе ја донесе во априли или мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни