Поврзете се со нас

Англија

Сити води во трката за потписот на голем талент на Баерн

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Манчестер Сити уште отсега ги планира евентуалните засилувања за наредните неколку преодни рокови, а една од најголемите желби на Пеп Гвардиола е фудбалер на Баерн Минхен.

Се работи за супер талентираниот Џамал Мусиала, кој со својот потенцијал и досегашни игри очекувано го импресионирал Шпанецот, а според германските медиуми, токму Сити е лидер во трката по потписот на 21-годишниот фудбалер.

Англискиот клуб ќе инсистира да го доведе Мусиала претстојново лето, па дури и да чека до 2025 година, пред се поради фактот што договорот на фудбалерот со Баерн истекува во јуни, 2026 година.

Засега нема најави за продолжување на соработката, а се чини и самиот Мусиала ги разгледува другите опции, па Баерн наскоро ќе мора да размислува и за продажба, за да не дозволи големиот талент да замине без отштета.

Сити е блиску и до потписот на Лукас Пакета уште овој јуни, но тоа нема да го попречи доаѓањето на Мусиала, бидејќи неговиот трансфер би значел одлично решение за плејмејкерската позиција на долг рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни