Поврзете се со нас

Англија

Сити во преговори за фудбалер од француското првенство

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити уште месецов може да обезбеди засилување за одбраната, откако се отворени конкретни преговори со француски Ленс.

Пеп Гвардиола дал зелено светло за ангажирање на Абдукодир Хусанов, 20-годишен стопер кој последниот период бил следен од скаутите на англискиот шампион и може да добие шанса во редовите на премиерлигашот.

Хусанов е Узбекистанец кој игра одлична сезона во Ленс, а „ЕСПН“ тврди дека Сити може да му дозволи да ја доигра сезоната во францускиот клуб.

Трансферот ќе биде вреден околу 20 милиони фунти, што е навистина импресивна сума за речиси анонимен фудбалер, кој се наметнал со настапите во првенството во Белорусија, од каде во 2023 година се пресели во Ленс.

Сити сезонава има многу проблеми со повредите на дефанзивците, па нема да биде изненадување ако Хусанов добие шанса уште оваа сезона, а англискиот клуб истовремено е во потрага и по засилување за средниот ред.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни