Поврзете се со нас

Англија

Сити во негативна серија каква што немал од 2018 година, тим на Гвардиола третпат прима четири гола

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Спортинг и резултатот во Лигата на шампионите со право ги загрижува фановите на англискиот првак.

Пред се поради фактот што Сити влезе во негативна серија од три порази по ред, нешто што не му се случило од 2018 година.

Спортинг му го нанесе третиот пораз на тимот на Пеп Гвардиола, по тие од Тотенхем и Борнмут, а поразот со 4:1 е и највисок од септември 2020 година.

Самиот Гвардиола ретко имал натпревари со четири примени голови во Лигата на шампионите, а ова не само што е вторпат со Сити, туку и вкупно третпат во кариерата.

Претходно, Гвардиола бил поразен од Барселона како менаџер на Сити со 4:0, а со истиот резултат Баерн Минхен загуби од Реал Мадрид во април 2014 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни